свет

Израел предвидува неуспех во преговорите меѓу САД и Иран

САД и Израел го сметаат Иран за свој главен регионален противник и го обвинуваат за развој на нуклеарно оружје

Lina Altawell  | 03.02.2026 - Обновена : 03.02.2026
 Израел предвидува неуспех во преговорите меѓу САД и Иран

ЕРУСАЛИМ / ИСТАНБУЛ – Израелските воени аналитичари очекуваат неуспех во претстојните преговори меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран, кои треба да започнат во петок во Истанбул, предупредувајќи дека преговорите веројатно нема да ја опфатат иранската програма за балистички ракети, што Тел Авив го смета за голема закана, јавува Анадолу.

Се очекува израелските официјални претставници денес да разговараат за планираните преговори меѓу Вашингтон и Техеран со американскиот пратеник Стив Виткоф, кој пристигнува во Израел подоцна во текот на денот.

Виткоф ќе ја предводи американската делегација во Истанбул, а иранската страна ќе ја претставува министерот за надворешни работи Абас Арагчи.

САД и Израел го сметаат Иран за свој главен регионален противник и го обвинуваат за развој на нуклеарно оружје.

Од друга страна, Иран тврди дека неговата нуклеарна програма е за мирни цели, вклучително и за генерирање електрична енергија.

Израел, за кој се верува дека е единствена земја во регионот со нуклеарен арсенал, тврди дека напорите на Иран да ја обнови својата програма за балистички ракети со долг дострел - оштетена за време на последната војна - претставуваат директна закана за израелската безбедност.

Во јуни 2025 година Израел, со поддршка на САД, започна 12-дневна воена кампања против Иран. Техеран одговори со таргетирање на големи области во Израел пред САД да објават прекин на огнот.

Ави Ашкенази, воен аналитичар, за израелскиот весник „Маарив“, изјави дека учеството на Иран во преговорите буди сомнение за нивниот исход.

„Големото прашање е дали Иранците се подготвени да покажат целосно предавање со менаџирањето со збогатниот ураниум, прекин на нуклеарните проекти, откажување на програмите за балистички ракети и прекин на поддршката на невооружените групи во Јемен, Ирак, Сирија, Либија и Газа“, напиша Ашкенази денес.

- Израелска подготвеност -

Ашкенази истакна дека Израел верува оти на крајот САД би можеле да започнат воен напад против Иран и дека би му дозволиле на Израел да дејствува над иранска територија доколку биде нападнат. Според него, неодамна Израел споделил опсежни разузнавачки информации со Вашингтон, особено за иранските балистички капацитети.

„Неодамна Израел сподели обемни разузнавачки информации со Вашингтон, особено за капацитетите на Иран за балистички ракети“, рече тој.

Израелскиот аналитичар нагласи дека иако на иранските системи за воздушна одбрана беа предизвикани големи оштетувања за време на израелскиот напад минатиот јуни, Техеран го задржа напредниот индустриски капацитет и работи на обнова.

„Израел верува дека Иран можеби извлекол лекции од конфликтот, со што се наметнува Израел да ја подобри сопствената подготвеност за идна конфронтација“, додаде Ашкенази.

„Израелската војска соопшти дека преговорите во Турција не го намалуваат нивото на готовност ниту за одбрана ниту за напад“, рече тој.

Одделно, Амос Харел, воен аналитичар, за весникот „Хаарец“ оцени дека преговорите се последна шанса Иран да избегне конфронтација со американскиот претседател Доналд Трамп, но предупреди дека остануваат значителни разлики меѓу страните.

Харел потсети на настаните од јуни 2025 година, кога планираната средба меѓу САД и Иран пропадна откако „Трамп ги доведе во заблуда иранските претставници и му даде зелено светло на Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации“.

Тој напомена дека денешните околности се поразлични, посочувајќи на јавната поддршка на Трамп за иранските демонстранти и речиси целосното распоредување на американски сили во близина на Персискиот Залив, вклучително и поморските капацитети и борбените авиони.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın