свет

Шпанија со забрана на социјални мрежи за лица под 16 години, извршните директори ќе одговараат за незаконските содржини

„Ние ќе ги заштитиме од дивиот запад на дигиталниот свет”

Alyssa Mcmurtry  | 03.02.2026 - Обновена : 10.02.2026
Шпанија со забрана на социјални мрежи за лица под 16 години, извршните директори ќе одговараат за незаконските содржини

ОВИЕДО (АА) – Шпанскиот премиер Педро Санчез денес ги објави плановите за забрана за пристап до платформите на социјалните медиуми за деца под 16-годишна возраст, како дел од пошироката иницијатива за засилување на надзорот, јавува Анадолу.

„Ние ќе ги заштитиме од дивиот запад на дигиталниот свет”, изјави тој на Светскиот самит на влади, кој се одржува во Дубаи. „Социјалните мрежи станаа пропадната држава, каде што законот се игнорира, а криминалот се толерира.”

Платформите ќе бидат обврзани да воведат мерки за верификација на возраста при пристап.

Санчез изјави дека следната недела Владата ќе го усвои предлог-законот со кој извршните директори на дигиталните платформи ќе се земат под кривична одговорност доколку е присутно ширење на незаконски содржини. Тој, исто така, ги повика обвинителствата да истражат нелегални содржини на платформите.

Манипулирањето со алгоритми ќе се смета за кривично дело, додаде премиерот. „Дезинформацијата не е дека доаѓа од никаде”, додаде тој.

Санчез, посочувајќи наводни кривични активности, меѓу кои и обвинувањата дека е креирана детска порнографија со користење на алатката за вештачка интелигенција Грок или била споделувана на други платформи за социјални мрежи.

Тој, исто така, посочи на дезинформациите за кои вели дека ги ширел Илон Маск, извршен директор на социјалната платформа Х, во врска со планот на Шпанија за регулирање на статусот на 500.000 мигранти.

„Тоа е само почеток на проблемот”, предупреди Санчез. „Ќе го браниме нашиот дигитален суверенитет од какво било надворешно влијание.”

Тој нагласи дека борбата за побезбедни дигитални платформи нема да биде лесна.

„Компаниите за социјални медиуми се побогати и од некои земји, вклучително и мојата, но нивната моќ и влијание не треба да не плашат“, продолжи премиерот.

Иако истакна дека ЕУ веќе оди кон воведување рестрикции за овие платформи, Санчез изјави дека наскоро ќе оствари средба со шест европски земји што сакаат дополнително да ги заострат мерките за користење на социјалните медиуми на која ќе се разгледуваат конкретни иницијативи.

„Некој ќе каже да не ги користиме доколку не ни се допаѓаат. Имаат право. За многумина од нас тоа сѐ уште е опција, но не е за нашите деца и повеќето граѓани. Социјалните медиуми станаа суштински дел од нивните животи”, рече тој. „Контролата мора повторно да биде во наши раце. Мора да осигураме овие дигитални платформи да ги следат правилата, како и сите други платформи.”

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.