свет

Најмалку 17,6 милиони луѓе во Германија изложени на ризик од сиромаштија

- Како што соопшти денес германскиот Сојузен завод за статистика (Дестатис), секој петти жител во земјата во 2025 година се соочувал со вакви услови

Bahattin Gönültaş  | 03.02.2026 - Обновена : 03.02.2026
Најмалку 17,6 милиони луѓе во Германија изложени на ризик од сиромаштија

БЕРЛИН (АА) – Во Германија, 17,6 милиони луѓе, што претставува 21,2 отсто од вкупното население, минатата година биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, јавува Анадолу.

Како што соопшти денес германскиот Сојузен завод за статистика (Дестатис), секој петти жител во земјата во 2025 година се соочувал со вакви услови.

Овој број претставува зголемување во однос на 2024 година, кога 17,6 милиони лица, односно 20,9 отсто од населението, биле во слична состојба.

Според податоците, трендот на пораст продолжува веќе неколку години, со раст од 19 отсто (15,5 милиони луѓе) во 2017 година.

Дестатис наведува дека ризикот од сиромаштија значително варира во зависност од структурата на домаќинството и статусот на вработеност.

Највисока стапка е забележана кај лицата што живеат сами и тоа 30,9 отсто, како и кај самохраните родители со 28,7 отсто.

Невработените остануваат најпогодена група, со стапка на ризик од дури 64,9 отсто.

Кај пензионерите, ризикот изнесува 19,1 отсто, што е под националниот просек.

- Праг на сиромаштија -

Европската Унија го дефинира прагот на сиромаштија како приход помал од 60 отсто од медијалниот доход.

Врз основа на податоците за 2025 година, во Германија овој праг изнесува 1.446 евра (1.705 долари) нето-месечно за едно лице.

За домаќинство со двајца возрасни и две деца прагот е 3.036 евра месечно.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.