Beyza Binnur Dönmez
03 Февруари 2026•Ажурирај: 03 Февруари 2026
Холивудската ѕвезда Том Круз наводно го напуштил својот луксузен стан во Лондон загрижен поради безбедноста во таа област, јавува Анадолу.
Како резултат на насилниот грабеж на бутикот „Бухерер ролекс“, што се случи среде бел ден во предградието Најтсбриџ, во близина на домот на 63-годишниот актер, тој одлучил да го напушти Лондон, објави вчера весникот „Дејли експрес“.
За време на инцидентот, наводнo пристигнале група мотоциклисти кои користејќи мачети се обидувале да ги одвратат припадниците на обезбедувањето додека со чекани и специјализирани алати го кршеле армираното стакло. Околу 20 луксузни часовници биле украдени во грабежот што траел само три минути, по што осомничените успеале да побегнат.
Извори цитирани од весникот „Дејли експрес“ изјавиле дека инцидентот само ги зајакнал верувањата на Круз дека ситуацијата во соседството се влошила во последните години.
Во веста е додадено дека подоцна е забележан дел од персоналот како изнесува кутии од имотот на актерот по неговото ненадејно заминување.
Најтсбриџ, како и соседната Белгравија, континуирано се соочуваат со криминални дела извршени со мопеди. Податоците на Метрополитенската полиција покажуваат дека во ноември 2025 година, во Најтсбриџ и Белгравија се регистрирани 295 кривични дела.