Ekipa
23 Октомври 2016•Ажурирај: 24 Октомври 2016
КАБУЛ (АА) - Одгледување на афионот во Авганистан се зголеми за десет проценти, покажа најновиот извештај кои заеднички го спроведоа Обединетите нации (ОН) и Владата на Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот објавен денес, се проценува дека во подрачјето на Авганистан оваа година афионот се одгледува на 201.000 хектари земјиште, што е за 10 отсто повеќе во споредба со 183.000 хектари во 2015 година.
Производството на опиум во Авганистан е зголемено за 43 отсто, на 4.800 тони оваа година, во споредба со 3.300 тони минатата година.
Авганистан произведува над 80 отсто од вкупното светско производство на опиум.
Опиумот претставува изушен млечен сок што се добива од незрели афионови глави. Опиумот содржи околу 25 алкалоиди, активни супстанци поради кои има наркотични својства. Од алкалоидите најзастапен е морфиумот