Malik Hasa
26 Ноември 2016•Ажурирај: 26 Ноември 2016
ТИРАНА (АА) - Осуденик од затворот на Фуша-Круја во Албанија, според официјалните полициски информации, од затворскиот телефон се заканил дека ќе изврши терористички акт, јавува Anadolu Agency (AA).
„Како резултат на мониторирањето и преземените дејствија од страна на Дирекцијата за борба против тероризмот, на 25.11.2016 година пред Обвинителството се поставија материјалите за осудениот Наим Бехари (Николас Констадинос), од затворот на Фуша-Круја, за кирвичното дело - Закана за извршување терористички акт“, се вели во официјалното соопштение на Генералната дирекција на полицијата во Албанија.
Според полицијата, државјанинот е осуден за убиство, а од затворскиот телефон се заканил дека ќе изврши терористички напади во земјата.