Vesna Besiç
25 Ноември 2016•Ажурирај: 26 Ноември 2016
САРАЕВО (АА) - По повод 25. ноември, Денот на државноста на БиХ, голем број делегации положија цвеќе на гробиштата на паднатите борци „Ковачи“ во Сараево, јавува Anadolu Agency (AA).
Членот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, откако положи цвеќе на „Ковачи“, во изјавата за медиумите порача: „Ние несомнено одиме по патот на итеграции, и внатрешни и надворешни, во однос на Европа и НАТО, и дезинтеграциските испади ќе бидат сѐ поретки и послаби“.
„Сметаме дека веќе 20 години, постепено, скала по скала одиме во вистинската насока, се качуваме“.
Голем број делегации денес положија цвеќе и пред спомен-обележјето „Вечен пламен“ во Сараево, по повод одбележувањето на 25 ноември, Денот на државноста на БиХ.
Во босанското гратче Мркоњиќ Град, на денешен ден пред 73 години, на Првото заседание на Националното антифашистичко собрание на народното ослободување на Босна и Херцеговина, (ZAVNOBiH) потврден е континуитетот на државноста на БиХ. Овој настан на територијата на босанскиот ентитет на Федерацијата БиХ се одбележува како празник, додека на просторот на ентитетот Република Српска овој ден не се разликува од кој било друг работен ден.