Vesna Besic
25 Ноември 2022•Ажурирај: 26 Ноември 2022
САРАЕВО (АА) - Одбележувањето на 25 ноември - Денот на државноста на Босна и Херцеговина, почна утрово со подигање на државното знаме на сараевскиот рид Хум, со интонирање на националната химна на Босна и Херцеговина, јавува Агенција Анадолија (АА).
На церемонијата, меѓу останатите, присуствуваа и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ и Денис Беќировиќ.
Националното обележје на Босна и Херцеговина со јарболот на Хум беше поставен од Град Сараево пред неколку години со намера да се покаже почит кон државата Босна и Херцеговина и нејзините граѓани.
Босна и Херцеговина денеска го одбележува Денот на државноста, датумот кога пред 79 години во Мркоњиќ Град се одржа Првото заседание на Антифашистичкиот совет на народното ослободување на Босна и Херцеговина, на кое беа донесени одлуки за обнова на државноста на Босна и Херцеговина.
Оригиналните документи како што е Резолуцијата од Првото заседание на Советот одржано во Мркоњиќ Град на 25 и 26 ноември 1943 година, на кое Србите, Хрватите и Муслиманите се определија за обнова на државноста на Босна и Херцеговина, и Декларацијата за правата на граѓаните од Второто заседание на Антифашистички совет на народното ослободување на Босна и Херцеговина одржано на 1 јуни 1944 година во Сански Мост се само дел од исклучително важната градба која говори за историските одлуки донесени во тој период за БиХ, а кои се наоѓаат во депото на Архивот на Босна и Херцеговина.