Adis Karaca
11 Ноември 2016•Ажурирај: 12 Ноември 2016
САРАЕВО (АА) - На подрачјето на Босна и Херцеговина и Хрватска, во тек е претрес на 60 локации во рамките на акцијата „Правда“, која се спроведува по неколкумесечната истрага на обвинителството на кантонот Сараево и Федералната полиција, јавува Anadolu Agency (AA).
„По неколкумесечната истрага на Јавното обвинителство на кантонот Сараево и Федералната полиција, во тек е реализацијата на акција со кодно име „Правда“. Во тек е претресот на 60 локации во Босна и Херцеговина и во Хрватска. Станува збор за кривични дела од областа на организираниот криминал, во врска со кривичните дела злоупотреба на функцијата, прекршување на законот од страна на судија, перење пари и измама“, рече Азра Бавчиќ, портпаролка на обвинителството во Сараево.
Според неофицијални информации, уапсени се Aлија Делимустафиќ, поранешен министер за внатрешни работи на Република Босна и Херцеговина, и Јусо Шкријељ, поранешен телохранител на Алија Изетбеговиќ.