Özüm Yalkın
16 Март 2016•Ажурирај: 17 Март 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската полиција уапси најмалку 20 лица во операција против терористичката организација ПКК, која беше спроведена во градот Истанбул, јавува Anadolu Agency (АА).
Како што дознава новинарот на АА, полициските тимови за борба против тероризмот, со поддршка на специјалната полиција и хеликоптери во воздухот, извршија истовремено пребарување на 32 адреси во Истанбул.
Рациите беа спроведени во Бејоглу, Фатих, Авџилар, Бахчелиевлер, Eсенлер, Кадикој, Султангази и други делови од Истанбул.
За време на рацијата беа уапсени најмалку 20 лица, меѓу кои има и адвокати. Приведените лица се осомничени за поврзаност со терористичката организација ПКК.
По лекарскиот преглед, осомничените се префрлени во полициска станица за понатамошна обработка.