Tutku Şenen
15 Март 2016•Ажурирај: 16 Март 2016
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција денес потврди дека терористичкиот напад во Анкара го извело женско лице, Сехер Чагла Демир (24), од Карс во Турција, родена 1992 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Се наведува дека бомбашот-самоубиец од 2013 година била активна во редовите на терористичката организација на Работничката партија на Курдистан (ПКК).
„Грозморниот напад во Анкара го изведе Сехер Чагла Демир, родена 1992 година, со место на живеење во (населеното место) Кагизман во (покраината) Карс. Од 2013 година делувала во рамките на терористичката организација ПКК, а после тоа преминала во Сирија, каде што поминала обука во редовите на Единиците за народна заштита (YPG), сирискиот огранок на ПКК. Истрагата во врска со последниот напад продолжува”, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Турција.
Потсетуваме, во терористичкиот напад во неделата во Анкара, кој се случи на автобуска станица во центарот на градот, убиени се 37 лица, а над 120 се повредени. Нападот го осудија фунционери и организации ширум светот.