Zülfiya Yakup
11 Ноември 2016•Ажурирај: 11 Ноември 2016
ПРИШТИНА (АА) - Комесарот за европска соседна политика и преговори, Јоханес Хан, денес престојува во посета на Косово. Ова е прва посета на комесарот Хан на регионот, по усвојувањето на пакетот за проширување. Неговата посета, пред сѐ, ќе се однесува на започнувањето на Планот за европски реформи, пренесува Anadoly Agency (AA).
Како што најавија од канцеларијата на ЕУ во Косово, за време на својата посета, комесарот ќе се состане со политичките лидери, вклучувајќи го претседателот на Косово, Хашим Тачи, претседателот на Собранието, Кадри Вејсели, премиерот Иса Мустафа, заменик-премиерот Бранимир Стојановиќ и министерот за надворешни работи, Енвер Хоџај.
На крајот од денот, европскиот комесар заедно со пратеничката на Европскиот парламент, Улрике Луначек, ќе се состане со сите политички лидери, и од власта и од опозицијата, за да разговара за неопходноста од надминување на политичката криза.
Опозицијата е против Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, бидејќи смета дека Косово со тој договор губи дел од својата територија, а пак Србите ја бојкотираат работата на Собранието и на Владата од усвојувањето на Законот за Трепча, од страна на Собранието за Косово, кој го сметаат за штетен за српскиот народ.