Kayhan Gül
11 Ноември 2016•Ажурирај: 12 Ноември 2016
САРАЕВО (АА) - Образовните институции „Босна Сема“, дел од терористичката организација ФЕТО во Босна и Херцеговина, ќе ги преземе американската „УС Глобал инвест“, а претставниците на таа американска компанија за Босна и Херцеговина, Семјуел Хенри и Мустафа Џераховиќ изразија задоволство поради успешно завршените преговори, јавува Anadolu Agency (AA).
„Претставници на ‘УС Глобал инвест ДОО’ (US Global Invest LLC) за Босна и Херцеговина истакнаа дека раководството на компанијата е задоволно од исходот на преговорите“, се наведува во соопштението од „Босна Сема“.
Хенри истакна дека веќе го започнале процесот за добивање акредитација за установата „Босна Сема“ од надлежните во САД и додаде дека планираат да започнат академска соработка со една престижна американска образовна институција.
Генералниот директор на „Босна Сема“, Сабахудин Џемиќ, изјави дека досега повеќе правни, но и физички лица изразиле интерес да ја преземат „Босна Сема“ и да инвестираат во оваа установа.
Во соопштението се наведува дека новата структура на сопственост на ниту еден начин нема да влијае на планот, програмата и на природата на постојните научно-образовни процеси што се одвиваат во споменатите училишта.
Подружницата на ФЕТО во БиХ од 1998 година, образовните институции „Босна Сема“, на територијата на оваа земја делуваат со 15 образовни установи. Имено, станува збор за четири установи за предучилишно образование, четири основни, пет средни училишта и еден универзитет. Освен во Сараево, тие образовни установи делуваат и во Бихаќ, Мостар, Тузла и во Зеница.