Ekip
10 Ноември 2016•Ажурирај: 10 Ноември 2016
СКОПЈЕ / ТИРАНА/ ПРИШТИНА (АА) - Во Скопје,Тирана и Приштина денеска се одржаа комеморативни церемонии за 78-то годишнината од смртта на основачот на Турција, Мустафа Кемал Ататурк, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Амбасадата на Република Турција во Скопје, во 09:05 исто така се одржа комеморативна церемонија за Ататурк, на која присуствуваа претставници на амбасадата, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и турскиот културен центар „Јунус Емре“ во Скопје.
По повод на 78-годишнината од смртта на Мустафа Кемал Ататурк, секретарот на Амбасадата и вршителот на работите Ертај Синан одржа фогор во врска со значењето и важноста на овој ден.
Присутни на комеморацијата во главниот град на Албанија беа турскиот амбасадор во Тирана, Хидајет Бајрактар и претставници од амбасадата и турските институции во Албанија. Сите учесници, во 09:05 со едноминутно молчење му оддадоа почит на основачот на Турската Република.
По повод оваа комеморација, амбасадорот Бајрактар истакна дека целта на собирот е да ја одбележат 78-та годишнина од смртта на основачот на Република Турција и нејзиниот водач, Мустафа Кемал Ататурк.
„Како што сите знаеме, Мустафа Кемал Ататурк не е само основач на Турската Република. Во друга смисла, тој бил основач на филозофијата на демократијата, владеењето на правото, владеењето на правото и човековите права“, рече Бајрактар во својот говор.
Во меѓувреме, годишниот говор за комеморацијата го одржа Селчук Кајхан, предавачот во Институтот „Јунус Емре“ во Тирана.
И во главниот град на Косово, во Институтот „Јунус Емре“ во Приштина се одржа комеморативна церемонија за Ататурк, под покровителство на турскката амбасадорка во Приштина, Кивилџим Килич.
На церомонија присуствуваа амбасадорката Килич, претседателот на Турскиот претставнички комитетот во Косово полковник Џем Шен, заменик претседателот на Собранието на Република Косово Фикрим Дамка, градоначалникот на Мамуша Ариф Бутуќ, генералниот конзул на Турција во Призрен Селен Евџи, пратеничката на Турската демократската партија во Косово Муферра Шиник, директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Приштина, Мехмет Улкер, координаторот на ТИКА во Косово Озај Озтурк, и многу други гости.
Во своето обраќање, амбасадорката Кивилџим Килич рече дека Мустафа Кемал Ататурк е многу важен лидер за Турција и за светот. Таа рече дека тој оставил земја која денес стои на цврсти темели и ја зголемува моќта.
„Мислите, успесите, делата, принципите и револуциите на нашиот голем лидер во секое време го одржаа своето значење и актуелност. И покрај политичката и безбедносната криза во нашиот регион, денес нашата држава продолжува да биде симбол на стабилност во регионот и во светот, а ние како нација, ова му го должиме на визијата на нашиот лидер и Републиката основана на цврсти темели“, рече амбасадорката Килич.
Исто така, денес низ цела Турција се одржуваат комеморативни церемонии по повод на 78-годишнината од смртта на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк.