Almir Terzic
08 Декември 2015•Ажурирај: 09 Декември 2015
САРАEВО (АА) - Босна и Херцеговина со 31,7 има најголем процент на невработени лица на просторот на поранешна Југославија додека Словенија со 8,6 отсто има најмал процент на невработени, покажува анализата на Anadolu Agency (AA).
Исклучително висок процент на невработени, веднаш по БиХ се наоѓа Македонија со 26,8 отсто, а потоа следува Црна Гора каде според последните статистичките податоци невработеноста инесува 17,7 проценти.
Актулните податоци говорат дека невработеноста во Република Србија изнесува 16,8 а во Хрватска 15,5 отсто. Но, во Хрватска на ниво на 2015 година, како стапка на невработеност се наведува 17,2 отсто.
Иако во БиХ е регистриран симболичен напредок, односно намалување на бројот на невработените за 1.183 лица, според извештајот во вториот во однос на првиот квартал оваа година, бројот на лицата кои бараат работа и понатаму е исклучително висок и изнесува 539.703.
Истовремено, статистичките податоци на Македонија покажуваат дека во вториот квартал оваа година, бројот на невработени лица изнесува 256.596.
Бројот на невработени лица во Црна Гора според последните податоци е 48.600 и зголемен е за 3,8 проценти во однос на претходниот период. Имено, иако во Црна Гора дојде до зголемување на бројот на вработени лица од 7,2 проценти, тој резултат не е толку видлив токму поради растот и на бројот на невработени.
До значителен пад на бројот на невработени дојде во Србија, според извештајот за третиот квартал оваа година, и тоа за 2,4 проценти во однос на почетокот на 2015 година.
Со моменталните 525.600 невработени, Србија има процент на невработеност од 16,8 проценти, додека истовремено тој процент на почетокот на годината изнесуваше 19,2 отсто, а во третиот квартал минатата година 18,1 отсто.
Според статистичките податоци, во текот на 2015 година дојде до падот на бројот на невработени и во Хрватска, и тоа за 2,6 проценти или 45.000 лица.
Се наведува дека моментално во Хрватска работа бараат 295.000 лица, во однос на нив 340.000 лица, на почетокот на оваа година кога невработеноста беше евидентирана на 18,1 отсто.
За 7.000 или 0,6 отсто намален е и бројот на невработени во третиот во однос на вториот квартал во Словенија. Така, моментално во Словенија работа бараат 87.000 лица во однос на 94.000 во вториот квартал 2015 година. Тогаш е регистрирана невработеност во Словенија изнесуваше 9,2 отсто.
Anadolu Agency дојде до податокот дека најниска стапка на невработеност во Европската Унија има Германија со 4,8 проценти, а најголема Грција со 24,8 проценти, додека просекот на невработеност во Европската унија изнесува 9,6 отсто.
Со тоа, Словенија како членка на ЕУ се наоѓа под, а Хрватска над европскиот просек по стапката на невработеност.