Mahmoud Barakat
09 Декември 2015•Ажурирај: 10 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Landmark Group, водечка мултинационална компанија од Блискиот Исток, ја прекина продажбата на производите на Трамп преку своите Lifestyle малопродажни салони, според ArabianBusiness.com, јавува Anadolu Agency (АА).
Одлуката на компанијата од Дубаи доаѓа како одговор на повикот на американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп, за забрана на влез на муслимани во САД.
„Во светло на најновата изјава од страна на американскиот претседателски кандидат пренесена од американските медиуми, ја прекинавме продажбата на сите продукти од брендот Trump Home decor“, изјави Сачин Мундва, директор на Lifestyle Outlet, за Arabian business.com.
Тоа ги опфаќа купувачите од Саудиска Арабија, Кувајт, Катар и ОАЕ.
Трамп стана фигура за потсмев на социјалните мрежи по неговата изјава САД да им забрани влез на сите муслимани во земјата.
Изјавата на Трамп следи по убиството на 14 лица, минатата недела во Калифорнија, од страна на една брачна двојка. Федералните власти рекоа дека нападот се истражува како терористички.