Bilgin S. Şaşmaz
20 Декември 2017•Ажурирај: 20 Декември 2017
ЧИКАГО (AA) – Десетици луѓе демонстрираа во Чикаго барајќи одредени промени на имиграционата програма DACA, јавува Anadolu Agency (AA).
Програмата DACA ги штити луѓето кои во Соединетите Американски Дражави (САД) илегално влегле уште додека биле деца. Групата демонстранти повеќето ја сочинуваа деца на илегални мигранти, популарно наречена „сонувачи".
Демонстрантите се обидоа да влијаат на донесување на одредени измени на програми чие укинување претходно го најави американскиот претседател Доналд Трамп.
Групата се собра на плоштадот Федерал Плаза, во чија близина се наоѓаат канцеларии на некои сенатори од Илионис.
И покрај високите безбедносни мерки, демонстрантите успеаја да влезат во објектот, а кога не им беше дозволен разговор со сенаторите, одлучија да протестираат со седење во ходникот.
Носеа бели маички на кои пишуваше „Нема сон, нема договор". По заканата дека ќе бидат приведени и депортирани, протестите ги продолжија надвор.
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Нашата нација е изградена на соништата на мигрантите", „Овој кошмар мора да заврши, режимот Трамп-Пенс мора да замине", и извикуваа слогани „Ако нема сон, нема ни договор".
Протестите се завршени без инциденти.