Kasım İleri
20 Декември 2017•Ажурирај: 20 Декември 2017
ВАШИНГТОН (AA) - Американските власти соопштија дека сеуште не е завршена борбата против терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Полковникот Рајан Дилон, претставник на американската коалиција за борба против терористите на ДЕАШ изјави дека милитантите на ДЕАШ, кои избегаа од териториите коишто ги контролира ПЈД/ПКК, преминаа на подрачјето под контрола на сирискиот режим и напредуваат кон Дамаск.
„ДЕАШ во (Сирија и Ирак) речиси во потполност ја загуби територијата која некогаш ја контролираше, но тоа не значи дека оваа борба е завршена", рече Дилон во обраќањето во Пентагон преку видеолинк.
Додаде дека оваа терористичка организација, како што рече, многу лесно се прилагодува на новонастанатите услови на теренот.
На крајот истакна дека сепак не се точни тврдењата дека ДЕАШ во Сирија е победен.
„ДЕАШ и понатаму претставува закана. Не само во Ирак и Сирија, туку во целиот свет", рече Дилон.