свет

Запленета пратка адресирана до Трамп која содржела отров

Смртоносниот отров рицин е високотоксично соединение добиено од рицинусовото зрно, што се користело во терористички заговори

Servet Günerigök  | 20.09.2020 - Обновена : 20.09.2020
Запленета пратка адресирана до Трамп која содржела отров

ВАШИНГТОН (АА) - Службите за спроведување на законот заплениле пакет што содржел отров рицин, адресиран до американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на неделава, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Повикувајќи се на две официјални лица запознаени со тоа, „Си-ен-ен“ (CNN) објави дека биле спроведени два теста за да се потврди смртоносниот отров.

„Сета пошта што стигнува во Белата куќа се сортира и поминува низ скрининг пред да стигне до Белата куќа“, објавија.

Тајната служба и ФБИ ја истражуваат ситуацијата.

Смртоносниот отров рицин е високотоксично соединение добиено од рицинусовото зрно, што се користело во терористички заговори.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın