Ekipa
20 Декември 2017•Ажурирај: 20 Декември 2017
САЛАХЕДИН (AA) - Во операција на ирачките сили извршена во Салахедин, уништени се 20 упоришта на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Воената медиумска мрежа, која работи при Министерството за одбрана на Ирак, соопшти дека во операциите на безбедносните сили извршени на неколку локации во Саладин, меѓу другото, уништени се и возила кои ги користеле терористите.
Беше запленето и големо количество експлозивни направи, оружје и муниција. При претрес на 31 село беа пронајдени и три тела на цивили.