Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
20 Декември 2017•Ажурирај: 20 Декември 2017
ИДЛИБ (АА) - Во бомбардирањето на селото Мааршурин, сместено во зоната без судири во подрачјето на сирискиот град Идлиб, според првичните информации животот го загубија 17 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на цивилната заштита на Идлиб (бели беретки), Мустафа Хаџ Јусуф, за АА изјави „Синоќа, врз селото Мааршурин во Идлиб беше извршен воздушен напад во кој животот го загубија најмалку 17 цивили, додека 35 цивили се ранети. Според информациите кои ги добивме од кулата за набљудување на авиони, нападот го извршил руски авион кој полетал од воената база Хумејмим во Лазкије.”
Претставникот на цивилнат заштита на Идлиб Мустафа, изјави дека во бомбардирањето на населеното место, меѓу загинатите има жени и деца, додавајќи дека ранетите цивили се префрлени во здравствените центри во подрачјето.
Во тек се спасувачки акции. Постои загриженост дека можно е зголемување на бројот на загинати.
Подрачјето на областа Идлиб, на средбата на Турција, Русија и Иран во казакхстанскиот град Астана, со цел да се намалат тензиите во подрачјето, беше вброен меѓу соните без судири.