Muhammed Bilal Kenasari
20 Декември 2017•Ажурирај: 21 Декември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Амбасадорката на САД во Обединетите нации (ОН), Ники Хејли, преку мејл ги предупреди дипломатите кои треба да гласаат во Генералното собрание на ОН за Кудс дека земјите кои ќе гласаат против САД ќе бидат евидентирани, јавува Anadolu Agency (AA).
Горенаведениот мејл беше објавен од порталот „Foreign Policy“ (Фореин Полиси).
„Додека размислувате за гласот, сакам да знаете дека претседателот и САД го сфаќаат лично“, пишува американсата амбасадорка во ОН, Ники Хејли.
Таа додаде дека за резултатите од гласањето ќе го извести американскиот претседател Доналд Трамп.
„Претседателот внимателно ќе го следи гласањето и побара да му се достави извештај за земјите што гласаа против нас. Ќе ги забележиме сите гласови“, се наведува.
Хејли рече дека не очекува други земји да ги следат САД и своите амбасади да ги преместат во Кудс, но смета дека тоа би било прикладно.
Соединетите Американски Држави (САД), претходно, во Советот за безбедност на ОН ставија вето на нацрт-резолуцијата за Кудс, што на иницијатива на Турција ја предложи Египет, а со која се бараше одлуките за статусот на Кудс да немаат правно дејство и да бидат отфрлени.
За време на седницата, 14 од 15-те членови на Советот за безбедност ја поддржаа претходно споменатата нацрт-резолуција.
Претседателот Доналд Трамп на 6 декември ја донесе одлуката со која Ерусалим (Кудс) го призна како главен град на Израел, и најави преместување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим (Кудс).
По оваа одлука, во многу земји дојде до несогласувања и протести.