Ahmet Sait Akçay
15 Ноември 2017•Ажурирај: 15 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Турција испрати протестна нота до Соединетите Американски Држави (САД) во врска со иранско-турскиот бизнисмен Реза Зараб, јавува Anadolu Agency (AA).
Според дипломатски извори, турските власти до САД упатиле протестна нота во врска со Зараб трговец со злато, кој во моментов е во притвор во Менхетн и чека судење.
Зараб беше уапсен на 21 март минатата година во САД под обвинение за измама и злоупотреба на американскиот финансиски систем, кој наводно извршил трансакции во вредност од стотици милиони долари во име на иранската влада и компании, кои се под санкции на САД.
Исто така, претходно споменатиот бизнисмен беше предмет на истрага во Турција во 2013 година.
Тој е осомничен за нелегално продавање на злато на Иран преку Турција, што резултираше со апсење. Сепак, целиот случај беше отфрлен во 2014 година.