Nuran Erkul,Muhsin Barış Tiryakioğlu
10 Февруари 2017•Ажурирај: 11 Февруари 2017
АКСАРАЈ (AA) – Во Аксарај, во централна Анадолија, во Турција, денеска е отворена првата постројка за депонирање на природен гас под езерото Туз, јавува Anadolu Agency (AA).
На свеченото отворање во Аксарај во присуство на десетици илјади граѓани присуствуваа претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, премиерот Бинали Јилдирим, министерот за енергетика и природните ресурси Берат Албајрак, пратеници во турскиот парламент, претставници на дипломатскиот кор, стопанственици и други поканети гости.
Директорот на Турската транспортна компанија за продажба и дистрибуција на природен гас (БОТАС) Бурхан Озџан претходно изјави дека проектот чинел околу 700 милиони долари.
Озџан рече дека 40 километри јужно од езерото Туз, во местото Султанхани на длабочина од 1.100-1.400 метри се наоѓаат и 12 јами (вештачки пештери) кои имаат физичка зафатнина меѓу 630.000 и 750.000 кубни метри.
Појасни дека со завршување на овие 12 јами ќе биде добиен капацитет од 1,2 милијарди кубни метри природен гас.
Додаде дека на тој начин дневно ќе биде можно да се достават максимално 44 милиони кубни метри гас.