Kemal Karadağ
10 Февруари 2017•Ажурирај: 11 Февруари 2017
АНКАРА (AA) - Генералштабот на Вооружените сили на Турција во врска со несреќата во која во Сирија загинаа тројца турски војници кога руски авион по грешка ја бомбардирал зградата во која се наоѓале војниците, соопшти дека „елементите кои се погодени со авион на 9. февруари 2017. година веќе околу 10 дена се наоѓале на исти координати", јавуваAnadolu Agency (AA).
„Елементите кои се погодени со авион на 9. февруари 2017. година веќе околу 10 дена се наоѓале на исти координати. Откако на 8. февруари 2017. година од подрачјето под контрола на руските единици е испалена ракета на точка каде се наоѓаат пријателски елементи, нашите елементи истиот ден во 23.11 часот на одговорниот персонал во Центарот за операции во местото Хмејмим повторно испратиле координати на подрачјата каде се наоѓаат. Во исто време, атеше на Вооружените сили на Русија во Анкара е повикан во седиштето на Генералштабот и уште еднаш му се проследени координатите за тачките каде се наоѓаат елементите", се наведува во соопштението.
Се додава дека во медиумите се појави и изјава на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во која рекол дека „целите кои ги погодиле руските сили биле координати кои им ги испратиле Турските вооружени сили (ТВС) и на оваа точка не требале да се наоѓаат турските војници."
Потсетуваме, Генералштабот на турската војска вчера соопшти дека во Сирија загинаа тројца турски војници, а дека 11 припадници на војската се ранети кога руски авион по грешка ја бомбардирал зградата во која се наоѓале војниците.
„На подрачјето на воените активности во рамките на офанзивата „Штитот на Еуфрат”, на 09.февруари 2017.година, околу 8.40 часот, еден воен авион на Руската Федерација при бомбардирање на позициите на ДЕАШ, по грешка бомбардираше зграда во која се наоѓаа припадници на Турските вооружени сили (ТСК). Како последица на експлозијата загинаа тројца наши војници, а 11 се ранети, од кои еден потешко. Нашите ранети војници итно се транспортирани во медицинските центри“, соопштено е од Генералштабот на турската војска.
Во соопштението се наведува и дека руските официјални лица нагласиле дека се работи за несреќа, при што се упатени пораки на сочувство по повод загинувањето на турските војници. Исто така, се наведува дека руската и турската страна заеднички ќе спроведат детална истрага за овој случај.
Во врска со овој настан разговараа и претседателите на Турција и Русија Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин. Рускиот претседател упати порака на сочуство на турскиот претседател Ердоган и изрази жалење поради несреќата.
„Изразуваме сочуство по повод болниот и тажен настан во кој страдаа војниците. Сочуство изразуваме и на семејствата на загинатите војници, Вооружените сили на Република Турција и целиот турски народ. На ранетите војници им посакуваме брзо оздравување", наведено е во пораката.