Emre Gürkan Abay
07 Септември 2016•Ажурирај: 07 Септември 2016
МОСКВА (АА) - Приходот на Русија од извозот на природен гас оваа година, во периодот јануари-јули, во однос на истиот период минатата година е намален за 32,2 отсто, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Руската федерална царинска служба, и покрај зголемениот извоз, поради падот на цената на нафтата, приходот на државата од природниот гас во првите седум месеци од годината е намален за 32,2 отсто, односно за 17 милијарди долари.
Во периодот јануари-јули, извозот на рускиот природен гас во однос на истиот период минатата година е зголемен за 5,3 отсто, и изнесува 109,2 милијарди кубни метри.
Минатата година Русија извезе вкупно 185,5 милијарди кубни метри природен гас, со чија продажба оствари прилив на средства од 41,8 милијарди долари.