Ali Cura
07 Септември 2016•Ажурирај: 08 Септември 2016
КИЕВ (АА) - Украинската државна фирма за производство на авиони, „Антонов“, за изработка на вториот примерок на најголемиот авион во светот, моделот Aн-225 и за негово сериско производство планира да потпише договор со Кина, јавува Anadolu Agency (AA).
На прес-конференцијата што ја одржа претседателот на Одборот на директори на компанијата „Антонов“, Александр Котсјуба, даде детали за производство на авионот „Aн-225 Мрија“.
Котсјуба потсети дека Антонов има потпишано рамковен договор со кинеската фирма „Ерспејс индустри корпорејшн“ од Кина (Aerospace Indurstry Corporation - AICC) и за изработка на модернизирана копија на светскиот најголем авион Aн-225, и додаде дека до крајот на годината планираат да потпишат договорот за проектот.
„Оваа година планираме да го потпишеме договорот за проектот. Многу нешта зависат од кинеската страна. Од наша страна нема никаков проблем“, рече Котсјуба.
„Засега кинеската страна нема дадено рок за производството на овој авион и по финансиските прашања не е постигнат никаков договор“, рече Котсјуба, додавајќи дека двете страни ги разгледуваат овие прашања.
Котсјуба посочи дека, според договорот, наредната фаза е создавање услови за сериско производство на авионот во Кина.
На 30 август, украинската фирма за производство и сервис на авиони „Антонов“ потпиша договор со кинеската фирма „АИЦЦ“ за соработка на програмата на авионот Aн-225. Според квалификациите на рамковниот договор, во првата фаза се планира изработка на втора, модернизирана верзија на авионот „Aн-225 Мрија“ и негова испорака, додека втората етапа е негово сериско производство.
Авионот од типот Aн-225, наречен „Мрија“, е најголем и најмоќен авион во светот. (Во украинскиот јазик зборот „мрија“ значи „имагинација“.) Авионот Aн-225 во периодот 1985-1988 година беше дизајниран во Украина како транспортен авион за Советската вселенска прогама и беше произведен само еден авион.
Во времето на Советскиот Сојуз, авионот Aн-225 беше замислен како носач на вселенско летало спејс-шатл, со максимална тежина при полетување од 640 тони. Авионот може да се користи и за хуманитарна помош при природни катастрофи.
Овој авион има максимален капацитет на носивост од 250 тони, лета со брзина од 850 км на час и постигнува висина од 12.000 метри. Aн-225 со товар од 200 тони може да прелета растојание од 4.000 километри. Должината на авионот изнесува 84 метри, неговата висина е 18,1 метар, а за негово слетување потребна е писта со должина од 3.500 метри.