Eda Özdener
28 Септември 2022•Ажурирај: 29 Септември 2022
АНКАРА (АА) ‒ Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со претседателот на Украина, Владимир Зеленски, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Се истакнува дека Ердоган и Зеленски се осврнале на случувањата во врска со Руско-украинската војна.
Турскиот претседател во телефонскиот разговор изрази големо задоволство од успешната реализација на размената на заложници меѓу Русија и Украина, за што рече дека работеле долго време.
Ердоган нагласи дека Меморандумот за извозот на украинското жито преку Црното Море функционира.
Тој нагласи дека сличен пристап може да се покаже и во врска со нуклеарната централа во Запорожје, и дека сѐ уште важи понудата за посредување за да се обезбеди отстранувањето на војниците во околината на оваа централа.
Турскиот претседател истакна дека одржувањето на едностраните референдуми во некои зони во Украина кои се под руска контрола, ќе ги отежнува напорите за ревитализирање на дипломатскиот процес.
Ердоган додаде дека Туркије е подготвена да даде секаков придонес со цел решавање на прашањето на војната преку мировни преговори.