Emre Gürkan Abay
28 Септември 2022•Ажурирај: 29 Септември 2022
МОСКВА (АА) ‒ Американската амбасада во Москва ги повика своите граѓани веднаш да ја напуштат Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Американската амбасада во Москва се потсетува дека во Русија е започнат процес на делумна мобилизација.
Наведено е дека американските граѓани со руско државјанство може да бидат повикани на воена должност, а од Амбасадата на САД порачаа дека во тој случај можеби нема да можат да им помогнат на тие граѓани.
Граѓаните на САД се, исто така, предупредени дека комерцијалните летови во Русија се ограничени и дека оние што сакаат да ја напуштат Русија, треба брзо да се подготват за тоа.
„Државјаните на САД не би требало да патуваат во Русија, а оние што живеат во Русија, треба веднаш да ја напуштат земјата додека сѐ уште се можни опциите за службено патување“, се наведува во соопштението.