Mohamed Sabry Emam Muhammed
09 Март 2016•Ажурирај: 10 Март 2016
ТУНИС (АА) - Туниските власти денес соопштија дека оваа недела во судирите со безбедносните сили во Бен Гуердан, град во источниот дел на земјата, убиени се најмалку 42 милитанти, јавува Anadolu Agency (AA).
Милитантите во понеделникот ги нападнаа армиските објекти и безбедносните позиции во Бен Гуердан, во близина на либиската граница, предизвикувајќи вооружен судир со безбедносните сили.
Министерствата за внатрешни работи и за одбрана на Тунис соопштија дека вчера безбедносните сили убиле шестмина милитанти во градот.
„Вкупниот број на убиени милитанти во судирите се зголеми на 42”, се вели во соопштението, додека седуммина милитанти се приведени.
Тунискиот премиер, Хабиб Есид, вчера изјави дека најголемиот број милитанти се од локалното население.
При обид за запирање на инфилтрацијата на своја територија, Тунис изгради ограда во должина од 200 километри вдолж границата со Либија, којашто стана средиште на милитантите на ДАЕШ во изминатите месеци.