Süleyman el-Kubeysi
09 Март 2016•Ажурирај: 10 Март 2016
ЕНБАР (AA) -Најмалку 11 милитанти и три војници загинаа во судирите на припадниците на безбедносните сили и членовите на терористичката организација ДАЕШ на подрачјето на Рамади, на западот на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Велид ед-Дулејми, задолжен за операциите во Енбар, потврди дека ирачките сили напредувале на подрачјето на Елбу Убејд, на истокот на Рамади и дека потоа дошло до судир со членовите на ДАЕШ.
Загинаа 11 милитанти и три војници. Дулејми наведе дека се во тек акциите на спасување на подрачјето на Џезире ел-Халидије. Претседателот на Безбедносниот комитет во Рамади Хусеин Кесар рече дека 30 семејства се евакуирани од селото Ел-Асрије од каде се повлекоа членовите на ДАЕШ.
Сместени се во бегалскиот камп и пружена им е помош.