Sibel Uğurlu
11 Мај 2016•Ажурирај: 12 Мај 2016
МОСКВА (АА) - Руските воени авиони извршија над 10.000 борбени мисии и погодија над 30.000 цели во Сирија откако на 30-ти септември Русија ја започна својата воздушна кампања, изјави рускиот претседател Владимир Путин, јавува Anadolu Agency (AA).
Во забелешките направени за време на вчерашниот состанок со воените службеници во Сочи, Путин изјави дека Русија за време на истиот период, исто така, лансирала и 115 проектили земја-воздух и воздух-земја.
„Воздушните напади во Сирија ја докажаа својата ефективност и високиот квалитет на руското оружје”, изјави Путин.
Како и да е, тој додаде дека најважно во овој момент е создавањето на погодни услови за политичко решение во Сирија.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад презеде мерки со неочекувана свирепост на про-демократските протести.
Оттогаш, според податоците на ОН, убиени се повеќе од 250.000 луѓе а над 10 милиони се раселени.
Околу 2.7 милиони Сиријци кои избегаа од својата држава поради војна се засолнети во кампови во Турција, заедно со многу други што живеат во градовите и на други места.
Според ОН, конфликтот во Сирија принуди повеќе од четири милиони лица, една шестина од населението на земјата, да бараат засолниште во соседните земји, правејќи ја бегалската криза најголема во последните 25 години, според ОН.