ЊУЈОРК (АА) - Покрај големиот број на налози за притворање, во шест од нив е „првообвинет“, лидерот на терористичката организација Фетулаџи / Структура на паралелна влада (FETÖ/PDY) Фетулах Гулен, живее во затворена територија и ја иритира околината.
Замокот на Гулен е сместен на голема фарма, се наоѓа во близина на градот Сејлорсбург, во Пенсилванија, далеку од погледите. Објектите за живеење се наоѓаат во дел кој не може да се видат однадвор. На влезот од комплексот има американско приватно вооружено обезбедување.
Дописникот на АА при обид да сними дел од влезот, бил предупреден од обезбедувањето дека имотот е приватен и забрането е преминувањето на линијата која го дели патот од дворот.
На прашањето дали е можна средба со Фетулах Гулен, американското обезбедување истакна дека без закажан состанок, не може да се оствари средба.
На влезот од комплексот поставена е нова табла на која стои ‘Златна генерација, Центар за богослужба и згрижување’.
- „Загрижени сме“
Во близина живее постар американски пар, кој велат дека се загрижени од она што се случува во комплексот.
Госпоѓата Пеги, која не сакала да и се споменува презимето, изјавила: „Нагласената приватност создава сомнеж кај луѓето. Луѓето во САД се отворени. Секој може да дојде во вашата градина, да поразговара со вас, но овие прво што направија, поставија бариера на влезот. Не можете да влезете внатре. Не можете да погледнете што се случува внатре.“
Во медиумите постојано има вести и фотографии во кои се зборува за лицето кое живее на фармата и написи дека бил болен, раскажа госпоѓа Пеги и додаде:
„Изиритирана сум од ситуацијата. Загрижени сме бидејќи не знаеме што точно се случува во околината. Понекогаш доаѓаат демонстранти, но полицијата не им дозволува да стојат таму. Луѓето стануваат нервозни бидејќи не знаат што се случува внатре. Постојано не надлетуваат набљудувачки авиони. Постојано се фотографира долината. Еднаш неделно надлетува еден авион. Ја надгледува цела околина. Слушаме многу приказни, но што навистина се случува во комплексот точно не се знае. Внатре и онака не може да се влезе.“
Госпоѓата раскажувала дека во весниците пишувало дека сопственикот на комплексот отворал училишта, но дека во околината немало многу ученици и бидејќи не се знае што се учи во комплексот и каква обука се прави внатре, полицијата не обрнува многу внимание во врска со проблемот.
Сопругот на госпоѓата Пери, кој сакал да остане анонимен, истакна дека стравува од комплексот во кој е сместен Ѓулен и додаде: „Турција нека си го земе назад човекот кој живее тука“. Тој истакна дека Владата на САД е во постојан контакт со луѓето од комплексот.
- „Нашиот учител во моментов е зафатен“
Во близина на комплексот во кој е сместен Фетулах Гулен има бензиска станица чиј сопственик е Палестинец. Тој изјави дека во комплексот бил гостин на ифтар, на кој присуствувале луѓе од повеќе вероисповести, но дека не успеал да го види Фетулах Гулен.
Сопственикот на бнзиската пумпа ги запрашал лицата кои се грижат за Гулен: „Можеме ли да се сретнеме со господинот?“, на што го добил следниот одговор: „Нашиот учител во моментов е зафатен, не е во можност да се сретне со вас“.
Медицинска сестра од локалната болница, која сакаше да остане анонимна, изјави дека во медиумите често излегуваат информации поврзани со комплексот и спомнала дака пред комплексот често доаѓале демонстранти, но сеуште нема никакви информации што точно се случува внатре.
- Нејасен одговор од полицискиот детектив
Полицискиот детектив од полициската станица Рос Тауншип, кој сакал да остане анонимен, изјави дека нема детални информации што се случува во комплексот. Детективот истакнал дека засега нема знаци дека ѝ се наштетува на околината и на прашањето дали Управата на Пенсилванија има посебен програм за заштита на животот на Гулен, тој одговорил со „не сум сигурен“.
Детективот соопшти дека безбедноста на областа е нивна одговорност, а на прашањето „Дали имате посебни активности за безбедноста на животот на Фетулах?“, го добивм одговорот „Тоа со вас не можам да го зборувам“.
- Број 1 обвинет во бегство
За првообвинетиот во испитувањата за FETО / PDY постојат и голем број на одлуки за притворање на Фетулах Гулен, постојат документи со кои се бара негово испорачувње од САД.
Државното обвинителство при Министерството за правда на Турција во подготвените документи за испорака на Гулен наведува дека тој се терети за „сериозна измама“, „фалцификување на официјални документи“, „клевета“, „перење на пари од криминални дејствија“, „задолжување“, „прислушување и снимање на лични разговори“, „нарушување на приватноста“ и „кршење на законот за заштита на лични податоци“. Во документот, „Осомничениот Фетулах Гулен кој ја води оформената заедница која е дел од бирократскиот кадар на Турција во судството, војската, безбедноста. Овој кадар е експлоатиран врза основа на верата. Раководител со организацијата е Фетулах Гулен. Неговите инструкции од странство доаѓаат во Турција преку посебен курир. Главните инструкции во шифрирана форма се пренесуваат преку разговори и зборувања. Членовите кои се дел од неговата организација се наоѓаат во сите турски државни институции“, се наведува во извештаите.
Процесот на Паралелната структура продолжува од САД. Правната фирма Amsterdam & Partners LLP поднесе тужба притив паралелната структура и нејзините активности во САД поврзани со договорите на училиштата, кои првично се испраќаат во Калифорнија и Пенсилванија.
Исто така, Федералното истражно биро на САД (FBI) ја продолжува истрагата на паралелната стуктура, поврзана со училиштата кои се во нивна сопственост. Во првото рочиште биле разгледани 30-тина документи на паралелната структура поврзани со училиштата 'Concept', чиј центар е Чикаго, во кои се забележани нерегуларности во периодот од 2003 до 2013 година во кои со државна поддршка се префрлени повеќе од 5 милиони долари на членовите на паралелната структура.
Продолжува истрагата која започна во три држави.