Zehra Ulucak
26 Декември 2017•Ажурирај: 27 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Жителка на американската сојузна држава Пенсилванија добила сметка за електрична енергија во износ од 284 милијарди долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Erie Times-News“ (Ири Тајмс Њуз), Мери Хоромански, која живее во подрачјето на Ири во Пенсилванија, проверувајќи ја преку интернет својата сметка за електрична енергија останала вчудовидена од износот на сметката.
Хоромански рече дека се шокирала кога ја забележала сметката од 284 милиајрди долари испратена од компанијата за електродистрибуција, „Penelec“ (Пенелек).
„За Божиќ поставивме осветлување, мислев дека сме згрешиле нешто во врска со тоа“, рече таа.
Хоромански додаде дека сметката требало да се плати до ноември 2018 година. Како што рече таа, сметката била поделена на рати, додека за првата рата во декември минимално треба да плати 28.156 долари.
Таа истакна дека нејзиниот син се јавил во компанијата „Penelec“ ја објаснил ситуацијата, и додаде дека компанијата за електродистрибуција ја признала својата грешка, која потоа испратила нова сметка од 284 долари.
Марк Дурбин, портпаролот на базичната компанија на „Penelec“, „First Energy“ (Фрст Енерџи), вели дека не знаат како се случила грешката.