Alma Çekovic
26 Декември 2017•Ажурирај: 27 Декември 2017
АЧЕХ (АА) - Жителите на Индонезија денес ја одбележуваат 13. годишнина од разорниот земјотрес со јачина од 9,1 степени по Рихтер, кој го погоди западниот брег на Индонезија, предизвикувајќи смртоносно цунами во Индискиот Океан, пренесува Anadolu Agency (AA).
На 26 декември 2004 година загинаа над 230.000 лица во повеќе земји, а најмногу во Индонезија.

Станува збор за една од најтешките природни катастрофи во модерната историја на човештвото.
Цунамито го уништи брегот нанесувајќи големи штети од Индонезија, преку Тајланд, Шри Ланка и Индија сѐ до Сомалија во Африка.
Членовите на семејствата и пријателите, денес го посетија местото кое важи за заедничка гробница на загинатите во цунамито во градот Банда Ачех, во покраината Ачех, и се молеа за душите на настраданите.
Во густо населениот регион Ачех, на северниот дел од островот, исчезна сѐ што се најде на патот на бранот.
Само во Индонзија загинаа меѓу 130 и 160 илјади лица, од кои третина беа деца, додека 500.000 лица останаа без домови.
Потврдена е смртта на 190.000 лица, додека десетици илјади се прогласени за исчезнати.
Индонезија се наоѓа во таканаречениот Огнен пацифички прстен кои се карактеризира со чести земјотреси и вулкани.