Hakan Çopur
26 Декември 2017•Ажурирај: 26 Декември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Постојаната амбасадорка на Соединетите Американски Држави (САД) во Обединетите нации (ОН), Ники Хејли, соопшти дека официјалните претставници на Вашингтон во наредната фискална година ќе ги намали буџетските распределби за фондовите на ОН за 285 милиони долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Хејли во писмена изјава рече дека намалувањето на издвојувањата на средства за ОН е голем чекор за САД во вистинска насока.
„Неефикасноста и луксузот на ОН е општо позната ситуација. Во иднина, нема да дозволиме злоупотреба на великодушноста на американскиот народ“, порача американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли.
И покрај намалувањето на буџетските средства, САД остануваат најголем донатор на ОН. Таа земја обезбедува 3,3 милијарди од вкупно 5,4 милијарди американски долари во буџетот на ОН за следниот фискален период.
Одлуката на САД за намалување на средствата за ОН доаѓа неколку дена откако Генералното собрание на организацијата со мнозинство гласови ја усвои резолуцијата спротивна на американската одлука за признавањето на Ерусалим (Кудс) како главен град на Израел.
Претседателот Доналд Трамп, а потоа и амбасадорката Хејли отворено се заканија дека САД ќе ја намалат финансиската помош за земјите кои ќе гласаат за таа резолуција, а такви беа 128 земји.