Nilay Kar
27 Март 2019•Ажурирај: 28 Март 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за правда, Абдулхамит Ѓул, соопшти дека вкупно 107 припадници на терористичката организација ФЕТО кои побегнале во странство, досега се донесени во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи за АА во главниот турски град, Анкара, Ѓул изјави дека Турција побарала испорачување на 504 лица од 91 земја.
„Бројот на припадниците на ФЕТО донесени во Турција досега изнесува 107“, изјави Ѓул.
Тој се осврна и на испратените седум барања на Турција до САД за испорака на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, кој живее во американската сојузна држава Пенсилванија.
„Турција ги исполни барањата за судска соработка од страна на САД во врска со истрагата за ФЕТО во Турција и екстрадициите“, додаде тој.
„Она што е неопходно за екстрадиција на Ѓулен е завршено од сите аспекти, во согласност со Законот за екстрадиција. Отсега, она што всушност треба да се случи е да се изврши екстрадицијата“, рече Ѓулен.
Во ова интервју, турскиот министер за правда истакна дека побарал средба со Вилијам Бар, неодамна назначениот американски државен обвинител, за разговори околу соработката помеѓу судовите на Турција и САД.
„По изборите, ќе имаме можност да го дискутираме ова со Бар лице в лице“, додаде тој.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а околу 2.200 беа повредени.
Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.