Aynur Ekiz
27 Март 2019•Ажурирај: 28 Март 2019
АНКАРА (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, за утре најави изненадувачка програма која ќе може да се следи само на социјалните мрежи, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган, на социјалната мрежа Твитер напиша: „Утре ќе имам изненадувачка програма која ќе може да се следи само преку социјалните мрежи. Утре на 28 март, четврток, во 12 часот да се сретнеме на Твитер, Фејсбук и Инстаграм“.
Исто така, преку официјалниот твитер-профил на турскиот претседател, најавено е дека тој утре ќе има изненадувачка програма која ќе биде емитувана во живо само на социјалните мрежи.