Hakan Çopur
16 Јули 2017•Ажурирај: 17 Јули 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Видео снимката од воздух кој Anadolu Agency (AA) ја направи на првата годишнина од обидот за воен удар во Турција, кој го изврши терористичката организација ФЕТО, покажува дека на имотот на лидерот на ФЕТО во Пенсилванија владее страв и тишина.
Американската полиција исто така ги оддалечи новинарите и демонстрантите од улицата во која се наоѓа имотот.
Управителот на резиденцијата на ФЕТО наводно ја повикал полицијата и побара да бидат одалечени луѓето кои се собраа во близина на улицата бидејќи биле вознемирувани.
Полицијата ги затвори двата краја на наведената улица, не дозволувајќи движење во оваа област.
Очигледно ваквото однесување на полицијата предизвика непријатност меѓу жителите кои се противат на одлуката да се затвори улицата само поради приговорите на еден жител.
Еден од членовите на ФЕТО со камера го снимаше хеликоптерот од кој АА направи снимка од резиденцијата.
Исто така, службеникот на влезот на резиденсцијата со камера ги снимаше насобраните демонстранти и новинари.
Лидерот на ФЕТО, Фетула Ѓулен неодамна даде интервју за американското национално радио (НПР), за да се „дистанцира" од обидот за државен удар.
Имотот на ФЕТО во Пенсилванија е со површина од околу 40 хектари.
Турција од Владата на САД побара екстрадиција на Ѓулен, кој од 1999 година живее во резиденцијата во Пенсилванија.