Şerife Çetin
15 Јули 2017•Ажурирај: 16 Јули 2017
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, порача дека е неприфатлив каков било обид кој може да ѝ нанесе штета на демократијата на некоја земја-членка на НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Столтенберг упати пишана порака по повод првата годишнина од обидот за државен удар во Турција, во кој потсети дека НАТО, веднаш по обидот за пуч, упатил порака за поддршка на својот сојузник Турција и осуда на обидот за државен удар.
„Ја посетив Анкара веднаш по обидот за државен удар. Сѐ уште не можам да го заборавам шокот кој го доживеав при посетата на зградата на турскиот Парламент, која беше бомбардирана од страна на пучистите”, порача Столтенберг.
„Би сакал особено да нагласам дека за НАТО е неприфатлив каков било обид кој би можел да ја наруши демократијата на која било земја, наша членка. Го искажуваме нашето почитување кон турскиот народ, кој застана исправено и му се спротивстави на предавничкиот обид, чија цел беа владата и демократските институции на Турција”, порача Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.