Özcan Yıldırım
01 Декември 2019•Ажурирај: 03 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Турција соопшти дека се затворени тунелите што биле отворени од терористите на терористичката организација ПКК/ЈПГ во Рас ал Ајн, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството ја потврди оваа информација преку соопштение објавено на социјалната мрежа Твитер.
Во ова соопштение се нагласува дека турските војници, кои продолжуваат со операциите за пребарување во Рас ал Ајн, откриле училиште кое било во неупотреблива состојба откако во внатрешните делови биле отворени тунели од страна на терористите.
Се вели дека тунелите почнуваат од ова училиште и се протегаат кон зградите што се наоѓаат во околината.
Според ова соопштение, тунелите се затворени на начин за да не можат да бидат користени повторно.