Mohamad Misto,Adham Kako
26 Октомври 2019•Ажурирај: 27 Октомври 2019
АЈН АЛ АРАБ/АНКАРА
Терористичката организација ЈПГ/ПКК и покрај постигнатиот договор меѓу Турција и Русија, во пограничното подрачје на Ајн ал Араб (Кобани) продолжува да копа тунели и ровови, јавува Anadolu Agency (AA).
Турција и Русија на 22 октомври постигнаа договор според кој терористичката организација ЈПГ/ПКК почнувајќи од 12:00 часот на 23 октомври има период од 150 часа да се повлече 32 километри од границата со Турција. Периодот на повлекување завршува на 29 октомври во 18:00 часот.
Според податоците добиени од безбедносни извори, АА информира дека терористите градат тунели и ровови во јужните делови на подрачјето на Ајн ал Араб, кое се наоѓа на територијата на Сирија, наспроти турскиот град Суруч во областа Шанлиурфа.
Терористите ги полнат ископаните ровови со гуми и гориво.
Новоископаните ровови и тунели се наоѓаат на 18 километри од границата со Турција.
Линијата на која се наоѓаат селата Кана, Дувејрат, Дирбаса и Шујух се наоѓа северно од Автопатот М4.
Anadolu Agency во декември 2018 и на 15 април 2019 година ги објави снимките од активностите на копање тунели од страна на ЈПГ/ПКК во подрачјето на Мунбич и Кобани.
Во рамките на операцијата „Извор на мирот“, при ослободувањето на градовите Тел Абјад и Рас ал Ајн и во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, кога беше ослободен градот Африн, беа откриени голем број тунели ископани од страна на терористичката организација.