Ekipa
15 Ноември 2019•Ажурирај: 16 Ноември 2019
ЏАРАБУЛУС/АНКАРА (AA) - ЕКИПА - Русија, која има воено присуство во Сирија и го поддржува Асадовиот режим во оваа земја, се позиционираше во двете бази, Сирин и Себит, кои ги напуштија трупите на Соединетите Американски Држави (САД), во јужниот дел на Ајн ал Араб (Кобани), јавува Агенција Анадолија (АА).
Американските сили, за време на операцијата „Извор на мирот“ ги напуштија базите Сирин и Себит, источно од релата Еуфрат, а по завршувањето на операцијата се вратија во базата Сирин, за потоа целосно да се повлечат оттаму.
За време на операцијата „Извор на мирот“, која започна на 9 октомври, американските сили се повлекоа од 16 од вкупно 22-те бази и воени точки. По завршувањето на операцијата, американските сили се вратија во шест од овие точки.
Од друга страна, силите на режимот синоќа се позиционираа на сириско-турската гранична линија од центарот на Камишли до селото Ајн Дивар при подрачјето на Маликије, кое се наоѓа на границата со Ирак.