Fırat Taşdemir
11 Септември 2021•Ажурирај: 12 Септември 2021
АНКАРА
Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека двајца војници загинаа, а тројца се ранети во нападот изведен врз елементите на Турските вооружени сили во зоната на деескалација во сириската област Идлиб, известува Агенција Анадолија (АА)
Во соопштението на турското Министерството се наведува:
„Двајца наши соборци ги загубија животите во напад извршен врз една од нашите воени единици, по активност за пребарување и скенирање во зоната на деескалација на Идлиб. Во нападот се ранети тројца војници, кои веднаш се префрлени во болница.
Посакуваме Божја милост за нашите војници кои го загубија животот во овој инцидент, оставајќи длабока болка и тага. Им изразуваме сочувство и трпение на семејства на загинатите во име на Турските вооружени сили и нашата благородна нација, а на ранетите им посакуваме брзо закрепнување.“