Rauf Maltaş,Müslüm Etgü,Mehmet Fatih Aslan
11 Јули 2016•Ажурирај: 12 Јули 2016
ШАНЛИУРФА (АА) - Најмалку тројца полицајци загинаа, а тројца се повредени во вооружен напад што го изврши патник за време на полициска контрола во турскиот град Шанлиурфа, а полицијата за време на инцидентот го застрела напаѓачот, јавува Anadolu Agency (AA).
Доцна синоќа турската полиција изврши контрола на патниците во автобус во Шанлиурфа, при што едно момче кое патувало со своето семејство, одбило да ги даде своите лични документи на проверка и пукало врз полицијата.
Откако во автобусот застрелал тројца полицајци, напаѓачот се обидел да избега, а недалеку од местото на настанот се ранети уште тројца полицајци. Напаѓачот потоа е застрелан во акција на специјалната полиција.
Гувернерот на покраината Шанлиурфа, Гунгор Азим Туна, рече дека нападот е извршен од страна на 17-годишно момче кое, според изјавите на мајка му и сестра му кои патувале со него, и претходно имал психолошки проблеми.
„За жал, тројца наши полицајци им подлегнаа на повредите, а тројца од нив сè уште се во болница. Tажни сме поради случајот, кој нема никаква врска со тероризмот”, изјави гувернерот Туна.