Ekip
17 Декември 2015•Ажурирај: 19 Декември 2015
ИСТАНБУЛ (АА) - Швајцарското Министерство за правда ги блокираше банкарските сметки на Светската фудбалска организација (FIFA), која ја потресуваат низа скандали за корупција, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на швајцарското министерство Фалко Гали, соопшти дека на барање на надлежните институции на САД блокирани се околу 50-тина банкарски сметки на ФИФА, во неколку банки.
Блокираните сметки се предмет на истрага за корупција во ФИФА, а на нив се наоѓаат помеѓу 50 и 100 милиони швајцарски франци.
Во август оваа година, објавено е дека 133 случаи се под истрага поради корупција во ФИФА. Главниот швајцарски обвинител соопшти дека извештаите за сомнителни активности дојдоа од установата која се занимава со истажување на перењето пари.
Поради истрага и можна замешаност во криминални дејанија, ФИФА го суспендираше челникот на оваа организација Сепа Блатера, неговиот заменик Џером Валки и потпретседателот Мишел Платини, кој е воедно и претседател на УЕФА.