Emre Aşıkçı
16 Март 2023•Ажурирај: 17 Март 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Џани Инфантино останува на чело на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) до 2027 година, известува Анадолу.
Инфантино повторно е избран за претседател на ФИФА без противкандидат.
Изборот е организиран денес на 73. Конгрес на Меѓународната фудбалска федерација во градот Кигали, Руанда.
Инфантино (52) е Швајцарец кому ова ќе му биде трет мандат на чело на ФИФА.
Претходно Инфантино работел како генерален секретар на Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА), а од 2016 година е претседател на ФИФА, наследувајќи го Сеп Блатер на таа функција.