Dejan Maksimoviç
17 Декември 2015•Ажурирај: 18 Декември 2015
ЛОНДОН (АА) - Фудбалскиот клуб Тотенхем Хотспур, доби дозвола од лондонските градски власти за изградба на нов стадион чија вредност се проценува на 400 милиони фунти. Новото здание на Тотенхем ќе се гради покрај стадионот „White Hart Lanea“, на кој сега ги игра своите натпревари. Капацитетот на новиот стадион ќе биде 61.000 места, јавува Anadolu Agency (AA).
Состанокот на Градскиот Совет на кој се одлучуваше дали ќе се дозволи изградба на нов стадион започна вчера, а заврши во раните утрински часови денес. На крај му дадоа „зелено светло“ на Тотенхем и на неговиот извршен директор Даниел Леви.
Се планира стадионот да се изгради до почетокот на сезоната 2018/19. Освен вообичаените содржини, новиот стадион на Тотенхем ќе има околу 600 станови, а на него ќе може да се играат натпреварите на NFL лигата во американски фудбал. Остана уште плановите на изградба да ги одобри Борис Џонсон, градоначалник на Лoндон, но тој претходно јавно го искажа своето одушевување од новиот проект.
„Она што се обидуваме да направиме е да создадеме жива општествена заедница. Се обидуваме да создадеме центар за поминување на слободното време. Не стаува збор само за стадион за фудбал или NFL. Тука ќе се одвиваат многу други активности, кои според нашите планови вклучува објект за екстремни спортови за кој мислиме дека ќе биде голема туристичка атракција. Идејата да може да одите од подножјето па сè до врвот на покривот звучи возбудливо. Што е најважно, нашиот проект ќе отвори многу нови работни места и убеден сум дека во следните 10-15 години ќе го оживее овој дел на Лондон“, кажа Леви во месец јули, кога го претстави својот план за изградба на новиот стадион.
Се очекува дека последната сезона на Тотенхем на „White Hart Laneu“ ќе биде 2016/17, а потоа ќе мора да побара привремен дом. Претходно е споменувано дека тој би можел да биде „Wembley“ на кој планира да игра и Челси доколку дојде до реконструкција на „Stamford Bridgea“.
Постои и варијантата со West Hamom да го делат Олимпискиот стадион или да оди надвор од Лондон, во Milton Keynes.