Dejan Maksimoviç
19 Декември 2015•Ажурирај: 20 Декември 2015
ТОКИО (АА) - Според наводите на јапонскиот јавен сервис NHK, трошоците за организација на Летните олимписки игри во Токио 2020 година, ќе чинат шестпати повеќе од предвидената сума, јавува Anadolu Agency (AA).
Организацискиот одбор на игрите во Токио утврди буџет од околу 2,2 милијарди евра, а според информацијата која ја објави NHK, игрите ќе чинат околу 13,67 милијарди евра. NHK истакнува дека порастот на трошоците е огромен и е предизвикан од неочекуваното одвојување средства за изградба на автопат, како и пораст на материјалните и трошоците за персоналот.
Летните олимписки игри кои следната година ќе се одржат во Рио де Жанеиро, организаторот ќе го чинат околу 3,26 милијарди евра, додека игрите во Лондон 2012 година чинеа малку повеќе од 12 милијарди евра.
Во случај Олимпијадта во Токио навистина да чини 13,67 милијарди евра, сепак, нема да бидат најскапите игри во историјата. Имено, Зимските олимписки игри во Сочи 2014 година, Русија ја чинеа неверојатни 42,5 милијарди евра.
Јапонскиот национален сервис смета дека во најдобар случај игрите во Токио може да чинат околу 7,6 милијарди евра.
Трошоците за Летните олимписки игри 2020 година ќе ги поделат градските власти на Токио и Владата на Јапонија.