Yunus Kaymaz
01 Декември 2016•Ажурирај: 01 Декември 2016
ЛОНДОН (АА) - Премиерлигашкиот тим Тотенхем Хотспар го обнови годоворот со напаѓачот Хари Kaнe, јавува Anadolu Agency (AA).
Дваесет и тригодишниот напаѓач на Тотенхем и на националната репрезентација на Англија, Kaнe потпиша петгодишен договор со екипата во којашто се формираше како играч. Минатата сезона, со своите 25 гола ја освои наградата Златна копачка. Не е објавено колку точно заработува Kaнe, но англиските медиуми шпекулираат дека неделно ќе заработува над 100 илјади фунти.
Оваа сезона, поради повреда на глуждот, Кане одигра само 10 натпревари во Премиер лигата и во Лигата на шампионите, и успеа да постигне 6 гола.
Во дресот на Тотенхем, Хари Kaнe од 2009 година одигра 137 натпревари и постигна 70 гола. Досега има одиграно 17 натпревари за аглиската репрезентација.